ЗАЕВ: Нема предвремени избори, државата одамна немала редовни избори

Зоран Заев 99 отсто е сигурен дека во октомври ќе добиеме датум за почетокот на преговорите со Европската Унија, членството во НАТО е завршена работа, а предвремени избори се непродуктивни и деструктивни во овој момент за земјата и нејзините граѓани.

Тој во интервју за „Фокус“ вели дека законот за Јавното обвинителство, каде се решава и статусот на СЈО не е услов за одлуката што Европскиот совет треба да ја донесе кон средината на октомври, но сепак е важен и некој може да ни забележи за тоа.

-Прво законот е многу важен за дома. Не ни е услов за одлуката што кон средината на октомври ќе ја носи Европскиот совет, но може некој да ни го земе за забелешка зошто и тоа не е завршено. Во извештајот тоа не е спомнато, односно не е услов, извештајот е основата за одлучување, тој е стопроцентно позитивен според нас, тоа го потврдија меѓународните институции, како што се Европската комисија, но и земјите-членки во своите коментари. Но треба да го решиме, како заради потребите дома, така и да дадеме некој дополнителен аргумент. Јас сум постојано оптимист по многу прашања и така и по ова прашање, истакна Заев во врска со можноста да се постигне договор за законот.

Нагласува дека не може да каже дека во текот на преговорите и двете страни работат во интерес на државата, во интерес на сочувување на предметите, а и целиот систем околу опстојување на СЈО. Додаде дека таму има изградено капацитети, државата вложила, а и други земји како САД и Холандија помогнале во неговата опременост, екипираност.

Заев во интервјуто за „Фокус“ напоменува дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна дека со непостигнување решение всушност го вперува прстот кон себе, а во врска со тоа дека од опозициската партија во преговорите учествуваат и луѓе, кои се осомничени, тој нагласи дека предметите мора да имаат иднина.

Целиот текст на Денешен

- Реклама -