Чеси планирале да пуштат дрон на стадионот во Приштина, со натпис „Косово е Србија“

Косовската полиција уапси осуммина чешки државјани кои планирале да пуштат дрон со ознака „Косово е Србија“ за време на натпреварот помеѓу фудбалската репрезентација на Косово и Чешка на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина.

Припадници на полицијата од Урошевац ја заплениле целата опрема и знамиња која што била пронајдена кај уапсените чешки државјани.

Приштинскиот портал „Индексонлине“ наведува дека помеѓу уапсените имало шест мажи и две жени.

Едниот од нив имал српско државјанство, а сите уапсени по наредба на обвинителот биле задржани во притвор.

- Реклама -