Ванковска за ставот на Калајџиев

Професорката Билјана Ванковска вели дека тоа што професорот Гордан Калајџиев е осамен во ставовите за СЈО, не значи дека не е во право!

„Стручниот и академскиот став не подлежи на законот на мнозинско гласање. Тоа значи и дека мисли со своја, а не со партиска глава“, напиша таа на Фејсбук.

Калајџиев изјави дека допрва ќе се види зошто се закопува СЈО а според него излегува дека Специјалното обвинителство на Катица Јанева служело само за да се урне ВМРО-ДПМНЕ од власт.

На ова министерката за правда, Рената Дескоска вели дека Калајџиев е осамен во ставот за СЈО.

Предметите од СЈО ги презема ЈО, како што побара од притвор специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

- Реклама -