Феликс Баумгартнер го изведе својот скок од вселената (видео)

Феликс Баумгартнер го изврши својот рекорден скок – од 39.014 метри надморска височина.

Скокот го постави новиот рекорд за највисок скок – 39.014 метри – но тоа не е единствениот рекорд. Феликс Баумгартнер го постави новиот рекорд за најдолг слободен пад, падот траеше 4 минути и 20 секунди, највисок слободен пад, од скокот до отварањето на падобранот Феликс помина 36.529 метри, и најголема брзина постигната од човек во слободен пад, 373 метри во секунда или Мах 1,24.

За моментите пред скокот Баумгартнер изјавил: „На подлогата чувствував дека целиот свет ме гледа. Реков дека би сакал сите тие да го видат она што јас го гледам. Беше неверојатно.“ Полковникот Џозеф Китингер, човекот чиј рекорд беше скршен додаде: „Би сакал да им покажам еден прст на луѓето кои рекоа дека Феликс ќе се распадне ако достигне суперсонична брзина.“

- Реклама -