Тргнувањето во училиште претставува пресвртна точка во животот и развојот на секое дете. Времето кое некогша беше предвидено за играње, сега го делат на време за седење, учење, домашни задачи и одење на училиште. Од нив се очекува многу. Носење на училишни торби, и голем број на обврски кои паѓаат на нивните мали плеќи.
Седењето претставува активност за првачињата и за нив е сосема логично да си порнаоѓаат начини како себе да си ја олеснат оваа активност. Седењето во високи или ниски столчиња, со едниот лакт на училишната клупа, со вкрстени нозе или со брада наслонета на нивните вкрстени раце се само некои примери за нивната креативност. Ваква позиција на телата секојдневно ја применуваат. Но, со текот на времето се случува да дојде до болки, лошо држење на телото, слабост во нивната мускулатура и деформитет на рбетниот столб.
Освен што неповолно влијаат на концетрацијата и вниманието на детето, допринесува да се развијат лоши животни навики и влијаат врз неправилниот развој. Доколку некој од семејството има вродени деформитети на рбетниот столб или други болести на коските, мусклулите или зглобовите потребно е дополнително внимание, корегирање и пратење на навиките на децата.
Како да се спречи ова?
Приспособете им го работниот простор, мотивирајте ги и во едно активирајте ги. Столот треба да одговара на висината на детето, двата лакта на бидат на масата и гбот исправен. Работниот простор треба да биде осветлен со природна светлина и дополнет со електрични светилки, доволно интересен или пак функционален и стимулирачки за учење. Во согласност со можностие купете ротирачко столче за да можат често да ги менуваат позициите на седење. А од време на време заменете го столчето со пилатес топка (доколку ја имате) и седењето направете им го поинтересно ( но, и малку побитно)
Училишниот ранец во просек треба да тежи од 4,5 кг до 6,5 кг и варира во големината. Оваа тежина со текот на годините и не се менува многу, но ако направиме споредба со ученик во девето одделение и прваче – јасно е кому потежок ќе му биде ранецот за да го носи.
Доколку вашето дете не оди во училиште каде што имаат свои шкафчиња и посебен комплет на книги за во училиште, па потребно е своите книги и тетратки да ги носи во училишната торба , пробајте да им олесните на тој начин што по правилно да ја одберете истата. Но, исто така научете го вашето дете при подготвувањето за на училиште да ги носи само оние работи кој што навистина му се потребни.
Како правилно да одберете училишна торба?
Пресметката е следна: масата на торбата теба да изнесува најмногу 15 проценит од телесната тежина на вашето дете. Доколу премногу се оптовари, рбетниот столб на првачето некогаш не во можност да се избори со големиот притисок и нема соодветна мускулна подршка, а повеќето деца на таа возраст веќе имаат лошо држење на своето тело, по дополнителнот носење на голем терет од неколку килограми повеќе не го издржува доброто држењето на телото.
Пред да ја одберете училишната торба во боја која што ќе му се допадне на вашето дете или пак со слика од некој омилен херој, би било добро да:
– да имаат широки, меки ремчиња;
– да не бидат изработени од кожа, туку од лесен издржлив материјал
– да има заслување на грбот и појас кој ќе се закопчува околу струкот
– да биде со соодветна големина, така што дното да не биде под струкот, а горниот дел на не биде над рамента.
– да има повеќе прегради, како би можела содржина добро да се распореди.
Ризик за развој на деформитет на рбетот е:
– претешка или лошо спакувана училишна торба
– носење на училишната торба на едно рамо
– носење на училишната торба во една рака
– не соодветен работен простор и работна столица
– физичка неактивоност.
Како правилно да го спакувате училишната торба?
Во задниот дел на торбата ќе ги спакувате поголемите книги и тетратки, а полесните практикувајте да ги ставите напред. Училишниот прибор треба да биде од што полесен материјал и се она што нема да се употребува за тој ден – не треба да стои во торбата. Патиките и опремата за физичко не треба да стојат во училишната торба, спакувајте ја оделно. Исто така и блокот за цртање и боичките. Ужинката можете да ја спакувате во торбата, освен ако немаат прекумерна тежина.
Ако вашето прваче се пожали на болки во рамената, главоболки, пецкање во рацете, замор или пак приметите дека нема концетрација, не ја следи наставата или не може долго да изврши одредена активност,можеби би било добро да обрнете внимание на неговото држење, начионот на седење, носењето на училишната торба, како и појава на било каков деформитет на стопалата, колената, колковите или рбетниот столб. Набљудувајте ги, мотивирајте ги и потрудете се да имаат некаква физичка активност, како би можело навремено да се спречат одредени пореметувања кој што се јавуваат на оваа возраст.
На вас е да им овозможите правилно да растат и да се развиваат, а ваша најголема обрска е заедно со нив да уживате во порцесот на растење и созревање.