„Го знам од телевизија“ е новото „Не е мое, онаму го најдов сролано.“
***
Во светот пороците ти го скратуваат животот.
Во Македонија ти ги скратуваат маките.
***
Реално, имајќи предвид кој сѐ не се вработи како професор во последниве петнаесетина години, поголеми се шансите учениците да научат нешто ако губат часови, отколку ако ги држат.
***
Брзај, брзај прваче, кон скопскиот аеродром…
***
Да бевме нормална држава, наместо Мира Дизел, професорите ќе земаа по 1.500 евра месечно.
Ама пошо не сме нормални, баш зато ни е Мира пратеник.
***
Функционерите на ДУИ биле заштитени како бели мечки.
Ха. Ха. Белите мечки может само да сонвет да се заштитени како функционерите на ДУИ.
***
Биг Мајк најави 30-40 илјади работни места во земјава.
Субрата Рој барем крави најавуваше, овој без усул.
***
Елвис Бајрам спремен за почетокот на новата учебна година.
Летово научил множење и делење со сите букви, од А до Ѓ.
***
„Од Охридско езеро извлечени правосмукалка и делови од перална“.
Срам да ви е! Сѐ од бела техника ѝ собравте на Ариел – малата сирена.
***
Добро би било Заев да назначи 7-8 директори без ресор во фирмите на Заеви и да ги плаќа по 2.000 евра месечно за да не прават ништо, како што си назначува министри без ресор во владата и ги плаќа по 2.000 евра за да не прават ништо.
Само како пример.
Дочитајте на Плусинфо