„Јас квалификациите за тоа што правел ‘Меѓународниот сојуз“ ќе ги оставам на надлежните органи”, изјави денеска потпретседателката на Собранието Фросина Ременски за новинарите по излегувањето во Основното јавно обвинителство каде била повикана да даде известувања, како што рече“ во врска со случајот „Рекет” .
Фросина Ременски, да потсетиме, е почесен претседател на невладината организација на Бојан Јовановски, Меѓународен сојуз
„Сите прашања поврзани со Меѓународниот сојуз и облигационите односи што ги има со лица и фирми, јас немам лично присуство. Во контекст на она што беше побарано да го дадам како одговор на одредени прашања јас го одговорив. Убаво е да се интересирате за одредени случаи, но сепак останатите прашања ќе ги оставам на надлежните органи.
Запрашана дали чувствува грижа на совест околу сите скандали за кои се зборува околу „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13, Ременски вели дека тоа е индивидуална категорија.
„Сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто.
Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест“, рече Ременски.