10 начини за забрзување на метаболизмот

Забрзувањето на метаболизмот е нешто што секој го посакува, особено ако сака да го намали вишокот килограми. Но, тоа колку брзо вашиот организам ги согорува калориите зависи од неколку фактори. Иако не можете да ја контролирата возраста, полот или генетиката, сепак постојат некои методи со кои можете да го забрзате метаболизмот.

Зголемете ја мускулна маса

Нашите тела постојано согоруваат калории, дури и кога не правиме ништо. Оваа фаза на согорување на калории при одмор е со поголем интензитет кај луѓето кои имаат поголема мускулна маса. Секој килограм мускулна маса користи 12 калории во текот на денот само за негово самоодржување, додека на масното ткиво му се потребни само 4 калории. Таа мала разлика може да се дуплира за одредено време. Како дополнување, со секое вежбање вие согорувате многу повеќе калории ако имате поголема мускулна маса.

Почнете со аеробик

Вежбите како аеробик можеби нема да ви направат мускули, но можат да го забрзаат метаболизмот неколку часа после самото вежбање. Клучот при овие вежби е дадете сѐ од себе. Вежбите со висок интензитет придонесуваат за побрз метаболизам во часовите на одмор.

Пијте доволно вода

На телото му е потребна вода за да согорува калории. Дури и да сте лесно дехидрирани, вашиот метаболизам може да стане побавен. Во една студија, доброволците кои пиеле по 8 чаши вода на ден согорувале многу повеќе калории отколку оние кои пиеле само по 4 чаши вода. За да останете хидрирани, пијте по една чаша вода пред секој оброк.

Енергетски пијалаци

Некои состојки во енергетските пијалаци можат да го забрзаат метаболизмот. Тие се богати со кофеин кој ја зголемува енергијата која ја користи вашето тело. Некои од нив имаат и таурин во својот состав – аминокиселина која го забрзува метаболизмот и ги согорува мастите. Но честата употреба на овие пијалаци можат да предизвикаат проблеми како покачен крвен притисок, анксиозност и проблеми со спиењето кај некои луѓе. Лекарите не ги препорачуваат овие пијалаци за децата.

Ужинки без грижа на совест

Јадењето понекогаш може и да ви помогне да ослабнете т.е ако се практикува често и во мали количини. Кога јадете големи оброци со голема пауза помеѓу нив, вашиот метаболизам работи поспоро. Ако јадете 3-4 пати на ден во мали порции, тоа го држи метаболизмот на повисоко ниво и согорувате повеќе калории.

Зачинете го јадењето

Зачинетата храна содржи хемиски состојки кои го забрзуваат метаболизмот. Јадењето на лути пиперки или феферони го забрзува метаболизмот повеќе отколку што мислите. Ефектот можеби е привремен, но ако често практикувате да јадете луто, користа ќе биде поголема.

Зголемете ја енергијата преку протеини

Телото согорува многу повеќе калории преку дигестијата на протеини за разлика од мастите или јаглехидратите. Иако сакате да имате балансирана исхрана, замената на некои јаглехидрати со протеини може да го забрза метаболизмот. Здрави извори на протеини се мисиркиното месо, белото пилешко месо, јаткастите плодови, гравот и јајцата.

Кафе

Ако пиете кафе, веројатно и уживате во напливот на енергија и концентрација која следи после консумацијата. Во умерени количини, една од поволностите на кафето е и зголемување на нивото на метаболизмот.

Наполнете ги батериите со зелен чај

Пиењето на зелен чеај ги нуди бенефитите на комбинацијата од кофеин и катехин, супстанци кои го зголемуваат метаболизмот. Истражувачите советуваат да се пијат две до четири шолји чај на ден, и со тоа ќе се зголеми метаболизмот за дури 17% за време на лесните физички активности.

Избегнувајте ригорозни диети

Ригорозните диети – оние чиј внес на калории е и под 1.000, се катастрофални за сите оние кои сакаат да го забрзаат својот метаболизам. Иако овие диети ќе ви овозможат губење на килограмите (на сметка на здравата исхрана), голем дел од загубата ќе биде на мускулното ткиво, а што помалку мускули тоа и побавен метаболизам. Финалниот резултат е тело кое согорува помалку калории (а добива на тежина побрзо) за разлика од она што било пред диетата.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -