Во Facebook размислуваат да почнат со тестирање во потрага по одговорот – треба ли бројот на лајкови на даден пост да биде скриен од јавноста?
Аппликациската истражувачка Џејн Манчун Вонг нашла код во апликацијата на Facebook за Android што го крие точниот број на лајкови на дадениот пост, за сите корисници, освен за тој што го постирал. Наместо бројот на лајкови, за другите видливи ќе бидат само неколку „реакции“ и емотикони, како и известување дека постот бил лајкнат од „[ваш пријател] и други“.
Facebook is working to hide like counts, too!https://t.co/WnUrM12aZg
Tip @Techmeme pic.twitter.com/TdT73wT6A0
— Jane Manchun Wong (@wongmjane) September 2, 2019
Од Facebook потврдија за TechCrunch дека размислуваат да спроведат тест што ќе го крие бројот на лајкови, но уверуваат дека истиот сè уште не е започнат. Таков тест веќе се спроведува на Instagram од нешто порано годинава и постојат знаци дека засега е успешен, бидејќи е проширен и во повеќе земји.
Иако „лајк“-от е една од клучните карактеристики на Фејсбук, и тоа веќе една декада, корисниците сè повеќе се поплакуваат дека може да направи да се чувствуваат лошо, бидејќи сè повеќе се грижат дали нивниот пост ќе добие (доволно) лајкови. Оттаму, Фејсбук е свесен дека луѓето веројатно избегнуваат да постираат нешта за кои се плашат дека нема да бидат лајкувани, како и дека бришат постови што „не поминале добро“. Криењето на бројот на лајкови за јавноста може да реши дел од тие проблеми.
Секако, целта на Фејсбук е јасна; Ако тоа доведе до повеќе постови и следствено и до повеќе време поминато на мрежата, тогаш извесно е дека тестирањата можат да прераснат и во конечна одлука.