Во демократија, нема поблагороден начин да придонесеш отколку да предаваш во државно училиште. Во оваа земја, луѓето што го прават тоа… Тие се лyзepи. Тие ce днo, најголеми лузepи! И сите го знаат тоа, но тие упорно продолжуваат да го прават тоа.
Нови луѓе почнуваат да предаваат секој ден, знаејќи колку е за никаде. Се појавуваат, им кажуваат однапред. – „Здраво, што е работава?“. И им велат: – „Океј, еве што ни треба да направиш. Ни треба да направиш децата да знаат математика“. – „Wow. А децата, сакаат ли да знаат математика?“. – „Не, тие не сакаат да знаат. Мораш да ги натераш да ја знаат против нивната сопствена волја. Додека им екcплoдиpaaт xopмoнитe и се кpшaт од мaвaњe меѓусебе“. – „Кои се овие деца?“. – „Ах, само рандом деца што живеат близу до зградата“. – „Колку ќе ме плаќате?“. „Околу 10 долари на секои 4 години“. – „А што ако станам добар/добра во тоа? Што се случува тогаш?“. – „Ништо. Ништо не се случува. Никој не забележува, добиваш отказ и yмиpaш сам/а“. – „Океј, прифаќам да го работам ова во наредниве 25 години“.
Луис Си-Кеј – американски стенд-ап комичар