Забрчанец: Зошто просветарите да штрајкуваат, кога платите им растат?

Марјан Забрчанец – посебниот советник за односи со јавност на премиерот Зоран Заев, не гледа причината за штрајкот на просветните работници, во време кога, како што вели, растат платите. Во ваквата ситуација стpaдаат само децата, порачува Забрчанец. На Фејсбук тој напиша:

„Во септември 2018 година просветарите добија покачување на платите за 5%. Во септември 2019 се активира ново покачување за уште 5% или вкупно раст на платата за 10.8% во споредба со пред една година. Владата и СОНК разговараат за нови покачувања во 2020 година. Која е причината да се штрајкува при раст на плати? Која е причината децата да страдаат додека растат платите во образованието?“, прашува владиниот ПР советник.

- Реклама -