Дали е ова дијамантска планета која орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето?

Се сеќавате на 55 Cancri e? Би требало бидејќи оваа планета, една од првите егзопланети откриени во нашата глакасија, е најверојатно првата дијамантска планета.

Кеплер телескопот на NASA идентификуваше илјадници егзопланети по неговото лансирање во 2009, но најзначајна од нив е 55 Cancri e – делумно зашто е чудна а делумно зашто е една од првите откриени егзопланети. Таа првпат беше забележана во 2004 година, долго пред Кеплер. Таа има двапати поголем радиус од Земјата и маса која е речиси осум пати поголема од нашата планета.

Планетата беше подложена на неколку анализи во последните неколку години и имаше неколку кризи на идентитетот. Астрономите прво мислеа дека 55 Cancri e е пустелија чија површина е изгорена и пресушена поради близината до нејзината ѕвезда. Подоцна друга студија покажа дека егзопланетата има однос помеѓу масата и волуменот еднаква на топка олово.

Но сега тим истражувачи велат дека 55 Cancri e е комплетно геохемиски различна од Земјата. „Ова е нашиот прв поглед на карпест свет со фундаментално различна хемија од Земјата. Површината на оваа планета најверојатно е прекриена со графит и дијаманти наместо вода и гранит“ вели Нику Мадхусудан, предводникот на истражувањето. „Во споредба, внатрешноста на Земјата има многу кислород но малку јаглерод, помалку од еден промил од масата.“

Ако Мадхусудан и неговите колеги се во право 55 Cancri e ќе биде првата дијамантска планета која орбитира околу ѕвезда слична на Сонцето (сепак, и претходно биле забележани дијамантски планети и се чини дека тие се доста чести во нашата галаксија). Истражувачите имаат намера дополнително да ги проучуваат атмосферите на 55 Cancri e и околните планети за да го потврдат заклучокот за „дијамантска планета“.

- Реклама -