„Хисен Џемаили, предлог министер без ресор, е ослободен од обвинение за ‘Мавровски работници’, во време на владеењето на Никола Груевски. Со цел да остане на власт. Обвинителството, тогаш, ја отфрли пријавата околу овој случај“, пишува новинарката Јорданка Ивановска – Јоци на „Фејсбук“.
Таа потсетува на 18-тата „бомба“, во која, како што вели, го слушавме договорот меѓу Груевски и ДУИ за гласање на Автентично толкување на Закон за амнестија околу четирите случаи кои од Хаг беа вратени во Македонија. Груевски им вршел притисок на сите пратеници, од кои повеќето одбивале да гласаат, но кренале рака. Пред Собранието за тоа време протестираа роднини на yбиeнитe, потсетува Јоци.
„Случаите ‘Водство на ОНА’, ‘Непроштено’, ‘Мавровски работници’ и ‘Липковска брана’ беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови.
Пред обвинителството се најде само случајот ‘Мавровски работници’, но во септември 2009 година Кривичниот суд ги ослободи сите обвинети за малтретирањето на мавровските работници од конфликтот во 2001 година, откако Обвинителството се откажа од гонење“, додава таа.
На слична линија е и професорката Мирјана Најчевска.
„’Хашките случаи се вратени во Македонија не за да бидат тргнати настрана, туку за да бидат разрешени на соодветен судски начин’. ВМРО-ДПМНЕ реши да не им даде правна завршница на овие случаи.
И еве, си имаме високи функционери кои би требало да одговараат за злocтopства од голем калибар. Заради ВМРО-ДПМНЕ, не заради мене или некој друг експерт или претставник на невладиниот сектор“, пишува Најчевска.
„Понижување без усул! Заев не смее да го прифати ова!“, напиша, пак, Владимир Милчин.