Попоски: НЕВРЕМЕ со ГРАД доаѓа кон Македонија

Македонија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна но и многу топла и спарна воздушна маса која ќе условува нестабилно и многу спарно време.

Времето во претпладневните часови ќе биде сончево со мала облачност додека во попладневните а локално и во вечерните часовиќе има зголемена облачност и ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Во ваква ситуација односно во случај на појава на електрични празнења на граѓаните ги советуваме да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Сепак и понатаму ќе биде многу топло па така максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени но поради зголемената влажност во воздухот и спарината која ја имаме истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

- Реклама -