Заев: Ниту јас, ниту високи функционери од СДСМ не се вмешани во „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека тој не е вмешан во аферата „Рекет“, а уверува дека не се вмешани ниту високи функционери на СДСМ. На прашањето дали ќе побара политичка одговорност доколку се утврди дека од политичарите има вмешани во случајот „Рекет“ или ќе чека да поднесат политичка одговорност, Заев нагласува дека над одговорноста и правдата не смее да биде никој.

– Јас лично, не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам истрагата тоа да го докаже. Законот важи за сите, без разлика дали е функционер. Ги охрабрувам истрагата, јавното обвинителство, целото правосудство. Наша обврска како извршна власт е да создадеме услови на независна истрага која ќе ги даде сите одговори. Тоа е предизвик сите да покажеме како држава дали знаеме да се справуваме со вакви девијантни, криминални појави кои ни се случуваат во општеството. Вакви случаи има секаде во светот, прашањето е како државата се справува со нив преку сите повикани иституции, изјави Заев.

- Реклама -