Боки 13 под истрага за уште едно кривично дело

Покрај кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“, во моментов за Бојан Јовановски алијас Боки 13 алијас Боки Тредичи, се води истрага и за уште едно кривично дело, потврдиле од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција вчера за „Плусинфо“.

Имено, новото кривично дело што го демне Боки 13 е „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што истрагата покажала дека парите примени од рекетот, Боки 13 ги испрал, односно ги пуштил во оптек како легално стекнати пари. Повеќе ТУКА.

- Реклама -