Новиот потпретседател на СДСМ бркал новинари од влезот на министерството за здравство

Додека бил портпарол на министерството за здравство новиот потпретседател на СДСМ Коста Петров не дозволувал медиумите да земат изјави пред влезот на министерството.

Изборот на Петров и Ангеловска кои предизвикаа изненадување во јавноста поради фактот дека ниту еден од овие двајца млади луѓе досега не се занимавал со политика, се очекува да биде потврден вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата.

Причината да ја избрка екипата на Алфа од пред влезната врата на сонце кога било забрането да се работи на отворено поради високи температури била затоа што новинарите не биле претставници на министерството за здравство а изјавата не била најавена објави Експресс.

Експертот за односи со јавност Петров беше шеф на македонската екипа која ја придружуваше Тамара на Евровизија.

- Реклама -