Геро: Бомбите можете да си ги купите на цеде во Приштина

Со кои снимки уценувал Боки 13 ако сите бомби СДСМ и Заев ги предале во СЈО, прашува новинарот Јанко Илковски во разговор со новинарот Бранко Героски, кој вечерва гостува во „Јади бурек“ на ТВ Сонце.

Да да, тоа е така, па после слушавме снимки. Одете во Приштина на пазар, можете да си купите бомби на цеде, рече новинарот Героски.

Снимките со кои наводно уценувале во најголемата афера во Република Македонија „Рекет“, според Героски, несомено се бомбите што ги поседуваше СДСМ, а дел од нив објави како „Вистината за Македонија“ во големата акција за соборување на владата на Груевски во 2015 година.

- Реклама -