Ние гласно говоревме за селективната правда и го понудивме инструментот на ветинг за судии, обвинители и политичари, за да се бориме против таа политичко-коруптивна и тенденциозно нарачана селективност. Ова го напиша на социјалната мрежа Фејсбук Артан Груби од ДУИ.
– Граѓаните го прифатија и поздравија овој наш програмски столб со убеденост дека ќе успееме, додека деновиве и опозициските партии го прифаќаат и го ставаат во употреба нашиот наратив и политика, напиша тој.
Ветинг на судии (или со класичен политички речник: реизбор на судии) во државава беше ветен во предизборието, но овој процес не се случи по смената на власта, првенствено поради фактот што предизборното ветување не беше поддржано од меѓународната заедница.