Како стигнавме до 7 милијарди (видео)

населениеНеодамна светското население достигна 7 милијарди. Голем дел од ова население сè уште е концентрирано во Азија – Индија и Кина. Тие две земји со векови се најнеселените на Земјата. Но тоа се менува, земјите се модернизираат и го намалуваат својот наталитет. Сега, најголемиот раст се случува во субсахарска Африка.

Примарно поради екстремната сиромаштија во регионот, бројот на умрени новороденчиња е висок и пристап до фамилијарно планирање е мал. Резултатот е голем број на раѓања и огромно население од 900 милиони – бројка која би можела да се зголеми за три пати до крајот на векот. Експертот за популација, Џоел Коен, посочува дека во 1950 година имало речиси трипати повеќе луѓе во Европа отколку во субсахарска Африка. Ако проценките на Обединетите Нации се точни, во 2100 година ќе има речиси пет пати повеќе луѓе во субсахарска Африка отколку во Европа. Населението на Земјата достигна 1 милијарда пред малку повеќе од два века – во 1804 година.
 
{youtube}VcSX4ytEfcE{/youtube}

Но подобрените медицински и земјоделски услови резултирале со поголеми шанси за преживување кај новороденчињата, со што драматично се зголемило населението. Растот на животните стандарди и подобрен здравствен систем полека ги достигнуваат сите делови од Земјата, стапките на плодност – и раст на населението – започнале да опаѓаат, но населението и понатаму ќе расти во блиската иднина. Според предвидувањата на ОН, населението на Земјата ќе го достигне врвот, 10,1 милијарда, околу 2100 година пред да започне постепен пад. Но точните бројки се тешки за предвидување – мала варијација во стапката на плодност би можела да значи дека населението ќе достигне 15 милијарди до крајот на векот. [Visualizing how a population grows to 7 billion]

- Реклама -