И таблата на споменикот на Александар Велики во Прилеп не остана читава. Набрзо по нејзиното поставување, непознати сторители ја вандализирале, пренесуваат локалните медиуми.
Како што сведочи свитканиот дел од таблата, кој се гледа на фотографијата, непознатите сторители веројатно прво се обиделе да ја извадат, а откако тоа не им пошло од рака, го изгребале и пречкртале зборот „хеленска“ од „Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светкото и културно и историско наследство“, и во натписот на македонски, и во натписот на англиски јазик.
Како што објавивме и претходно, споменикот на Александар Велики во Прилеп е донација од американскиот бизнисмен со македонско потекло – Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, сопственик на ТВ „Сонце“ и отворен противник на Преспанскиот договор и обврските кои произлегуваат од него.
Во меѓувреме, и по втор пат насилно е извадена таблата под „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, пишува „Плусинфо“.