„360степени“: Јанева на распит со адвокат… Законот тоа го дозволува само во два случаи

Правните експерти кои биле консултирани од порталот „360степени“ се збунети од присуството на адвокат во друштво на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која од 10 часот утрово дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, барем со оглед дека според официјалните информации во јавноста таа е повикана во својство на сведок.

Како што пишува порталот, меѓутоа, повикувајќи се на познавачите на кривичното процесно право, законот не предвидува присуство на полномошник кога се дава исказ во својство на сведок. Тоа е дозволено само во два случаи:

„Присуство на полномошник е дозволено кога лицето е осомничено или ако како сведок е жртва или оштетено. Можеби Јанева смета дека е жртва или оштетена“, вели соговорникот на „360 степени“.

 

- Реклама -