Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која беше повикана денеска во 10 часот на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе е во просториите на ОЈО и дава исказ за случајот „Рекет“, пренесува „Плусинфо“.
Пред да даде исказ, Јанева истакнала дека сè уште е специјален јавен обвинител и дека продолжуваат да работат заедно со нејзините обвинители, а притоа изразила и надеж дека есенва ќе имаат разрешници на неколку случаи што ги води СЈО.
„Што се однесува до мојот денешен исказ, се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата“, рекла Јанева за денешниот распит во Обвинителството.