Се стега обрачот околу „Рекет“ …

Трет обвинител од СЈО што треба да даде исказ е обвинителот Бурим Рустеми, кој го води случајот „Поштенска банка“, за кој во јавноста испливаа детали поврзани со сомнителни наредби на Јанева.

Дел од одземените електронски уреди на осомничените се вештачат, за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, а во наредните денови повеќе лица треба да дадат исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Ваква е моменталната динамика по враќањето од одмор на обвинителката Вилма Рускоска која ја води истрагата за случајот „Рекет“, а трет обвинител од СЈО што треба да даде исказ е обвинителот кој го води случајот „Поштенска банка“, Бурим Рустеми.

Овој предмет засега го привлекува вниманието по две основи. Уште пред две недели извори од СЈО за ДВ изјавија дека „единствено за предметите ‘Империја’ и ‘Поштенска банка’ не се реферирало на колегиум, каква што била практиката за сите други предмети”. Втората нејаснотија се однесува на причините зошто еден дел од имотот во случајот „Поштенска банка“ не бил замрзнат.

Целата статија ТУКА

- Реклама -