ЗНМ ја осуди изјавата на Заев, бара премиерот јавно да се извини

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во вторникот вечерта остро ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев, во која, меѓу другото, кажа дека нема да дозволи некој „суетен новинар“ да ја симне неговата влада од власт.

Според соопштението на ЗНМ, ваквиот „агресивен говор од страна на Претседателот на Владата може да поттикне насилство кон новинарите и дополнително да ја загрози нивната безбедност и да ја ограничи слободата на изразување“.

ЗНМ го пововикува Заев веднаш да им се извини на новинарите и да се воздржи од идни вакви дискредитации .

Истовремено, ЗНМ констатира дека премиерот Заев користел „непримерен говор“ кон припадниците на ЛГБТИ заедницата, при што се осудува и тој дел од неговата изјава и се бара од него јавно да се извини.

- Реклама -