Аферите “Рекет” и “Поткуп” кои последниве денови ја зоврија атмосферата на политичката сцена во Македонија, откако беа објавени прислушкувани аудио и видео материјали од италијанскиот весник Ла верита, својата жестина ја добија на само неколку дена откако Кривичниот суд во Скопје го одобри обвинението за Талир 2.
Аудио и видео снимките покажаа дека обидот за поткуп се одвивал мазно и срдечно, а досега објавените снимки не покажаа закани или навреди меѓу поткупувачот и осомничениот за Рекет, туку ја покажаа нивната силна пријателска врска преку честото користење на називите срце мое, шефе, ние двајцата сме исти, ние не сме рекетари и тн..
Дури и интересна е комоцијата и леснотијата меѓу наводните ликови кои се слушаат во снимките, кои користат собено и многу често при меѓусебните разговори називи “Шефе” и “Срце мое”.
Судот даде зелено светло за Талир 2
– Советот за оценка на обвинителен акт кој постапува по актот со НСК КО 15/18 од 22.11.2018 од обвинителството означен како „Талир 2“, на 10 и 11. 07. 2019 година одржа јавна седница во присуство на странките.
По ценење на фактите и доказите изведени на седницата за оценка на обвинителниот акт советот донесе решение со кое актот го одобри во целост, писмено го изработи и го експедира до странките.
Отткако по оценетиот обвинителен акт ќе биде формиран предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, се вели во соопштението на Кривичниот суд објавено на 31 јули 2019 година.
Симптоматично е што аферите “Рекет” и “Поткуп” чија единствена цел е рушење на СЈО и девалвирање на власта во Македонија, својата жестина ја добиваат по оваа одлука, но и по пораката на премиерот да се стави крај на “заробената држава” и по повикот да одговара секој што сторил криминал.
Целиот текст тука