Јанева се врати од одмор, од денеска е пак на работа

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го заврши еднонеделниот одмор и од денеска повторно е на работа во СЈО, пренесуваат медиумите. Информацијата за „Фокус“ ја потврдија и од самото обвинителство.

Инаку Јанева сè уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, иако нејзината колешка од СЈО – Лиле Стефанова, е повикана исказ да даде утре, а и гласот на Јанева се слуша во една од снимките објавени од италијанскиот „Ла Верита“, во која таа му порачува на бизнисменот Камчев дека „сè ќе биде океј“.

Во истрагата засега сè уште има само двајца осомничени; Бојан Јовановски – Боки 13 / Боки Тредичи, и Зоран Милевски – Кичеец.

- Реклама -