Украсена лондонска улица

улицаУлиците на Лондон често се опишани како валкани и невпечатливи. Но оваа улица во главниот град на Британија добила впечатлив и необичен украс по некарактеристично жешкото време и раното паѓање на лисјата од околните дрвја. На прв поглед ова изгледа како обична улица во есенски ден.

улицаНо она што е необично е што впечатливите лисја имаат чудни геометриски краеви на границата со соседните делови од асфалтот. Возачите и пешаците биле збунети од чудната појава, мислејќи дека можеби се работи за улична уметност наменета за разубавување на областа. Но во овој случај има едноставно објаснување. Минатонеделниот топлотен бран, во комбинација со раното паѓање на лисјата врз лепливиот асфалт се виновни за украсената улица.
улицаулицаулица

- Реклама -