Лиле Стефанова повикана во обвинителството

Обвинителката која го водеше случајо „Империја“ на СЈО, каде осомничен е Орце Камчев кој го пријави случајот „Рекет“, според извори на Плусинфо, во текот на наредната недела е повикана да сведочи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

По вчерашната снимка „Ла Верита“, Стефанова излезе со официјална изјава во јавноста, а вчера попладне таа за Плусинфо ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека во текот на наредната недела ќе дава исказ за „Рекет“.

„Ве молам за сите информации да ме побарате од понеделник“, одговори Стефанова.

Дека таа, но и нејзината шефица Катица Јанева ќе бидат сослушани вчера најави и републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

– Сите инволвирани ќе бидат неселективно сослушани или распитани, вклучувајќи ги и Јанева и Стефанова. Редослед Обвинителството заради доверливоста не соопштува однапред – изјави тој за Телма.

Стефанова се споменува и во денешната снимка на „Ла Верита“ за која Катица Јанева на Орце Камчев му вели: „Не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

- Реклама -