Фотографот Улрик Колет имал идеја да ги спои лицата на припадници на исто семејство за да ги создаде овие уникатни портрети.
Во неговата серија „Генетски Портрети“, Колет спојува родители и деца, братучеди, браќа и сестри за да ги посочи малите генетски разлики помеѓу роднини. Ова се само дел од неговите портрети кои се достапни на неговиот вебсајт.
Ќерка и татко: Аријан, 13 и Андре, 55
Син и татко: Нејтан, 9 и Улрик, 32
Ќерка и татко: Амели, 33 и Даниел, 60
Брат и сестра: Алекс и Сандрин, 20
Татко и син: Лавал, 56 и Винсент, 29
А ако сакате фотографии инспирирани од хорор филмови, тогаш проверете ја неговата “Фасада” серија.