(ВИДЕО) Катица Јанева на Камчев: Не се секирај, се ќе биде ОК

Новинарот Ларир Гејсер објави нова снимка околу тоа како течело договорањаето за исплата на рекетото што Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец го изнудиле од бизнисменот Орце Камчев. За парите, наводно милион евра, тие на Камчев, осомничен во случајот ‘империја’ му ветиле дека ќе влијаат кај одредена личност по исплатата тој да биде пуштен за слобода.

Во оваа втора аудио-видео снимка се слуша разговор помеѓу Боки 13 и Камчев, но во една прилика се слуша јасно и гласот на специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева која додека Бојан Јовановски договара со Камчев кога да отиде кај него, му дофрла на бизнисменот Орце дека се ќе биде во ред за ништо да не се секира.

Од разговорот има и транскрипт на англиски.

Гајсер вчера најави дека во италијанскиот весник „Ла Верита“ ќе објави серија снимки поврзани со корупцијата во земјава.

- Реклама -