Во изводите од матичните книги за родени кои граѓаните ги добиваат деновиве, во графата за државјанство, наместо да биде наведено „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“, како што предвидува Преспанскиот договор, стојат само коси црти, објави порталот „Плусинфо“, приложувајќи фотографија од извод издаден денеска.
Од „Плусинфо“ се обиделе да добијат одговор зошто и од кога графата за државјанство се пополнува со коси црти. Засега сè уште го чекаат. ФОТОГРАФИЈАТА ОД ИЗВОДОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ја ТУКА.
Претходно за истиот проблем со државјанствата и изводите во повеќе прилики објавуваа и други медиуми, а во јавноста и на друштвените мрежи кружеше и ова: