Ќулавкова: Го испоганија Илинден, ги омаловажија Власите, ги возвели …

Академик Катица Ќулавкова наиде на осуда на социјалните мрежи поради нејзиниот последен коментар во врска со празнувањето на државниот празник Илинден.

„Го испоганија и го травестираа Денот на републиката на македонскиот народ, ги омаловажија Власите, ги возвеличаа Албанците, од Македонија остана само Северна“, напиша Ќулавкова на својот твитер налог.

Но не сите се согласуваат со професорката. Коментарот предизвика серија негодувања и критики, а дел од јавноста и порача на Ќулавкова дека сите нации кои живеаат во Македонија се дел од приказната за Илинден.

Сликарот и графички дизајнер, Зоран Кардула, кој потекнува од влашко семејство и е роден во Крушево, ја обвини Ќулавкова за национализам.

„Би сакал Академик Ќулавкова да ми објасни со што тоа по неа биле омаловажени Власите на прославата на Мечкин Камен. Очигледно и излегува тоа националистичкото без разлика на обидот да делува неутрална. Треба да се засрами за обидот вештачки да креира нетрпеливост“, напиша Кардула.

Твитер заедницата и порача на Ќулавкова дека само во Крушево влашкиот е службен јазик и се учи како изборен предмет во училиштата. Крушевчани ја поканија Ќулавкова да ги посети на 4 август кој веќе неколку години се празнува како ден на Власите во рамки на 10 дена Крушевска Република.

- Реклама -