А странциве во Пештани што ги акнале 50 000 за риба

Јоханес Рајх на Гугл (извор)

Имавме многу непријатно искуство во овој ресторан. Бевме група од девет луѓе и ни рекоа дека вечерта имаат свежа пастрмка од езерото. Седуммина од нас нарачаа риба и по некоја салата и зеленчук за сите. За пиење земавме пиво а после црвено вино.

Уште на почетокот донесоа многу повеќе отколку што нарачавме и не ни рекоа колку риба ќе биде тоа. КОга дојде сметката, видовме дека нè послужиле со најскапото вино (1.500 денари шише) а имаше и шестоки пијачки кои ниту ги нарачавме, ниту ги добивме.

Но, најгротескно беше што нè послужија со 12,5 килограми риба, без и да нè прашаат колку сакаме.

На крај, сметката беше преку 50.000 денари. Им рековме дека не се согласуваме со сметката и дека се чувствуваме како жртви на измама. Им рековме дека сакаме да зборуваме со менаџерот. Рекоа ќе дојде ама никогаш не дојде. Наместо него, ни дојде приватно обезбедување и почна да се заканува. Решивме да почекаме полиција. На крај, ја намалија сумата за околу илјада денари, но мислиме дека и тоа е превисоко и дека сме измамени. После три часа расправии, плативме .

Накратко, би ве замолил да не поддржувате вакво однесување кое е нефер и не покажува никакво гостопримство. Вакво однесување целиот крај и сите негови фини и пријателски луѓе ги прикажува во лошо светло, и тоа е она најлошото од сè.

Виа Оффнет

- Реклама -