Албански историчар: Илинденското востание го кренале бугарските комити за да ја приграбат географска Македонија

Слоганот „Сите сме деца на Илинден“ не држи вода, смета историчарот Арбен Лала, според кого овој израз ѝ служел само на југословенската политика, со цел создавање на мултиетничка Македонија, објави „ТВ21“.

Според Лала, оваа политика е лоша и користи дневна историја базирана на некои псевдо-историчари кои се дел од државните или владините институции. Лала тврди дека Илинденското востание започнало во Едрене/Одрин, денешна Турција, од бугарските комити, со цел преземање на дел од географска Македонија, што довело до меѓусебен судир на грчките со османлиските и спрските сили. Станувало збор за тоа кој да ја проголта географска Македонија, тврди Лала. Изјавата погледнете ја ТУКА.

- Реклама -