Бизнисменот Сеад Кочан се уште не се јави во затворот Идрзизово за отслужување на казната за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Телевизијата 24 објави дека Кочан вчера не се јавил во затвор, бидејќи одлуката за да оди на издржување на казната ја примил дури утрово, во приватната болница во која е хоспитализиран веќе 15 дена. Од таму, според телевизијата, преку адвокатите испратил уште една, нова молба за да му биде одложен затворот.
Управата од Идризово утрово го известила Кривичен суд дека осудениот бизнисмен не е зад решетки. Но, според судот, тој има рок да се појави таму вечерва до полноќ, бидејќи рокот тече откако на рака ќе го добие решението, објави ТВ 24.
Информациите во медиумите поврзани со затворската казна на Кочан, предизвикаа реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
работи ли бе некој во оваа држава или се заебаваат сите? pic.twitter.com/GF4bsEIpXy
— двеста триста (@nema_visoki) July 31, 2019
Си ја викам Идризово зошто не ми крева кога ја барам.
— Џентлмен Филип (@TheSoulBlightR) July 31, 2019
“Кочан ѕвонел в затвор, никој не му кревал”
Сега се очекува да фати врски за да можи в затвор да оди.
— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) July 31, 2019