Специјалното јавно обвинителство призна дека веќе се избришани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“, одговориле денеска од СЈО за „360 степени“ откако во саботата демантираа дека е издадена наредба за бришење компјутери.
„360 степени“ од свои извори во СЈО дознава дека со форматирањето, во првиот бран, биле опфатени повеќе компјутери на, стручни соработници во обвинителството, а следни на ред биле машините на кои работеле истражителите и обвинителите. Бришењето се случило минатата недела, најверојатно во петокот (26 јули), а по алармот од загрижени вработени што за време на викендот (27 и 28 јули) го пренесе „360 Степени“, операцијата вчера (29 јули) е стопирана. Запирањето, како и отпочнувањето на „чистењето“, не можело да биде без знаење на Катица Јанева.
„360 Степени“ објави и СМС од ИТ-одделот во СЈО, испратена до вработените на 8 јули 2019 г. Оваа порака е пратена една недела пред ОЈО за гонење организиран криминал и корупција да отвори истрага за случајот „Рекет“, во кој е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Сепак, иако формално нема истрага, тоа е период во кој за случајот на големо се пишува во медиумите, а Јанева најверојатно знае и дека Вилма Русковска води предистрага. Во неа пишува:
Колеги ПОЧНЕТЕ со средување на податоците кои ги поседувате на вашите компјутери и усб-а. Организирајте ги податоците по предметно работење. Комплетно избришете се што НЕ е поврзано со работењето во СЈО. Доколку имате приватни податоци, зачувајте ги на приватни усб-а. Кога ќе заврши процесот ќе бидете повикани да се изврши форматирање на секој компјутер и усб. Процесот ќе се одвива етапно.
Целиот текст на 360 степени