Земјотресот во мислите, Вардар во срцето: Најтешкиот пренос во историјата на „Градски“, 1963 година

Прво коло од сезоната 1963/1964 година во првата сојузна лига на Југославија. Вардар го пречека Динамо Загреб на „Градски“ во Скопје. На трибините повеќе плач отколку навивање. Играчите на терен излегоа со црни ленти, а во неговите редови недостасуваа многумина, раскажува сега покојниот доајен на радио новинарстово – Ивко Панговски, во интервју за „ОФФ.нет“.

Бил тоа најтешкиот пренос и натпревар на Градски, само еден месец по земјотресот во Скопје, се сеќава Панговски. Мечот го судел Ладо Јакше, од Словенија.

„ … Уште во урнатини, само неколку недели по катастрофата, дојдов да го судам првиот натпревар по земјотресот меѓу Вардар и Динамо од Загреб. Уште луѓето живееа на улици, по шатори, но масовно дојдоа на натпреварот, кој покажа дека Скопје е живо и дека Вардар продолжува да ја пишува својата богата историја. Кога по неколку години пак дојдов во Скопје, солзи радосници ми надојдоа. Ги снема урнатините, изникна нов убав град, а фудбалскиот клуб Вардар брзо чекореше кон врвот“, раскажа Јакше.

Тој натпревар завршил со резултат 1:1. Таа сезона, Вардар ја завршил на последното, 14-то место. Целата сторија прочитајте ја на ОФФ.нет (ЛИНК).

 

 

- Реклама -