Секоја година, IPPAWARDS (iPhone Photography Awards) ги избира најдобрите фотографии направени на iPhone, во конкуренција на илјадници испратени фотографии од повеќе од 140 земји ширум светот, во повеќе категории. Најдобрите за 2019-та беа прогласени вчера (25 јули) во Њујорк, по 12-ти пат од основањето на натпреварот во 2007-ма година.
Дополнителен повод за да го споделиме ова е фактот што Македонија веќе трета година има своја претставничка, која по третпат е избрана меѓу најдобрите. Се вика Гордана Чавкоска и годинава ја доби својата петта Пофалница (Honorable Mention), овојпат во категоријата „Флора“. Во 2017-та добила Honorable Mention во категоријата „Портрет“, а во 2018-та собрала дури три: во категориите „Панорама“, „Дрвја“ и „Лајфстајл“.
Победниците за 2019-та (но и сите претходни, по категории) можете да ги видите ТУКА, а во продолжение стоплете очи со пофалените фотографии на Чавкоска: