Секој маж може да стане татко. Секој маж може да креира живот. Но, потребен е некој специјален за да го одгледа и обликува со љубов тој живот.
Вистинскиот татко не е оној кој заработува многу за да им купи скапи подароци на сопругата и децата или да ги однесе 2 пати годишно на одмор од по 10 дена.
Вистинскиот татко не е оној што заработува за ексклузивни приватни училишта и за без проблем да ги плати сметките.
Вистинскиот татко е оној кој разбира дека семејството е на прво место.
Вистински татко е оној кој секогаш е тука за семејството. Тој што не ги напушта кога работите ќе станат тешки. Тој што не се откажува од нив кога ќе се појават проблемите и не се врти на страна тврдејќи дека сторил сè што можел, но не успеал да го задржи семејството заедно.
Вистински татко е оној кој е подготвен да инвестира време и напори во семејството дури и кога е уморен и чувствува дека не е во својата комфорна зона.
Тој ги исполнува ветувањата и ги жртвува своите потреби, желби, па дури и среќа за доброто на семејството. Оној кој ги учи децата што е безусловна љубов и поддршка.
Оној кој е пример како жените треба да бидат третирани со почит и достоинство.
Оној кој ги учи децата дека во животот најважни работи се трпението, искреноста и лојалноста.
Оној кој никогаш не го лаже и манипулира своето семејство. Оној кој ги учи децата дека врските се базираат на доверба и почит.
Вистинскиот татко никогаш не ја нарекува мајката на своите деца „бескорисна“, „слаба“ или „глупава“. Оној кој никогаш не дозволува неговиот темперамент да направи неговото семејство да се чувствува загрозено.
Тој е идол за своето семејство и знае дека не постои поголема љубов од таа кон семејството. Тој ги охрабрува децата да растат и да станат најдобрата верзија од себе.
Најсреќен е кога неговите деца се среќни. Ги знае нивните омилени пејачи, спортисти, хобија.
Никогаш не дозволува неговите лични проблеми да им ја уништат среќата на неговите сакани. Без разлика колку е незадоволен од животот, никогаш не дозволува неговите деца да се чувствуваат така.
Па, затоа да се има ваков татко е вистински благослов.