„Неважно е што вели Јанева на прес, ‘оштетениот’ е итар и не би ги дал парите без гаранција“

Фејсбук статус на Т. Милошевски, поранешен помошник министер за внатрешни работи. Статусот е објавен на „Плусинфо

„Катица што кажува не е битно. Сигурно нема да прифати вина. И јас, а верувам и вие така би постапиле.

Битно е што кажува на спикерфонот во моментот кога се бројат парите. Онаа снимка за која зборува Вилма.

‘Оштетениот’ толку е итар што нема сигурно да ги даде парите, ако нема гаранција од другата страна на телефонот.

Битно е дека безсрамно лажеше дека го изгубила мобилниот телефон, битно е дека навистина ги ослободи од притвор сите инволвирани во ‘Империја’ и им ги врати патните исправи, како што посакуваа двајцата притворени. А сето тоа таа не го направи од љубов спрема Боки 13.

Тврдам дека ‘пријавителот’ на случајот ‘Рекет’ не е способен сам да снима разговори и средби. Тоа го направиле искусни луѓе, професионалци од безбедносните структури од една соседна земја. Да не заборавивте дека тие го ‘обезбедуваа’ пријавителот на случајот ‘Рекет’.

Тие паралелно работеле и други оперативно-технички работи. Така што допрва ќе гледаме и слушаме снимки со разговори, слики и други инволвирани во случајот ‘Рекет’. А тие се во рацете на пријавителот. Тој ја води играта. Кај него се коцките. Сето ова е многу поголемо од Катица… Правда за сите!“, пишува Милошевски.

- Реклама -