Со секој изминат ден од случајот „Рекет“, како сè повеќе муниција да се испалува кон новинарот Бранко Героски, кој преку своите колумни и зад измислени псевдоними почна во јавноста да го расветлува случајот уште пред тоа да го направи Обвинителството. Героски ги адресираше овие критики на негова адреса, оценувајќи ги како хајка.
„А бе шапшали едни недоветни! Ви кажав и пак ќе ви кажам – џабе везете. Кај мене нема едно евро рекет! Никогаш и од никого! Немам со кого да разговарам и да се пазарам. Кој се кypчи дека има некаква снимка, веднаш нека ја пушти! Да видиме што сте смислиле. Доста бре паничите и паламудите!“, им порача вчера Героски.
Хајка или не, во обвинувањата кон Героски дека со неговите колумни всушност тој го „рекетира“ премиерот Зоран Заев, во свој стил, е вклучен и новинарот сметан за близок до СДСМ – Бранко Тричковски:
„Героки и Кypaц живота
Таа мрачна ноќ на Матка, Героки помислил дека фатил златна рипка, па ѝ рекол: Ќе те пуштам ако ми кажеш кои се Фрики и Кики!
Тоа што Героки го држел во рацете, рекло: Јас не сум златна рипка, Геро, јас сум КУPAЦ ЖИВОТА, можам да ти исполнам некои други желби!
Потоа вруќиот клен му се лизнал од рацете и отишол кај Вилма Русковска, каде што ја потпишал следната изјава:
‘Вчера ме фати еден идиот и ме рекетираше, сакаше во замена за слобода, да му кажам кои се Кики и Фрики, тој мислеше дека јас сум златна рипка, но јас му реков ‘Не те eбaм, бе!’”.
Претходно, Тричковски го напиша и следново:
„Рекетарски прием
Заев: Тричко, а, бе, Геро сака да го примам, што да правам!?
Тричко: Хм, како сакаш, Зоки, но пред да решиш што ќе правиш, нешто би те прашал, гледаш ли ти принципиелна разлика меѓу барањето да ја примиш таа влечуга и барањето да ѝ дадеш 1.5 или 8 милиони евра, јас не гледам, тоа во јавноста, а како што гледам и во правосудството, почнува да се третира како трговија со влијанија. Ако, пак, решиш да ја примиш, среди некако Вилма да стои зад завесите или бапни ја во фрижидерот, да може да го има жената деликтот уште додека се раѓа“.