Катица Јанева „се крие“ во фризерски салон? (ВИДЕО)

Откако денеска „Слободен печат“ објави дека специјалната обвинителка Катица Јанева е на боледување во родната Гевгелија, Марија Пијанманов на својот Фејсбук профил објави неколку снимки од фризерски салон на кои во позадина може да се види и чуе токму обвинителката која веќе една недела успешно ја избегнува јавноста.

Според „ТВ 21“, се работи за фризерски салон на улица „Партизанска“ во Скопје. Во објавата на Пијанманов тагиран е и Константин Плевнеш. Веродостојноста на видеата, од аспект на тоа кога и каде се снимени, засега останува непотврдена.

- Реклама -