Јас да ве потсетам и натерам да си го направите ова.Сега е време за Месо во тегла.
Потребно ви е следново,за 15 тегли (како јас што направив)
до 9 кгр свинска кртина или еден свински бут 10-12 кгр.
– се сече месото на парчиња,големина како парче локум.
– се насолува месото со мала доза на кујинска сол.
– се редат-полнат теглите,се потиснува месото внатре до врв.
– се остава сосем мал празен простор под капачето.
– вода не се додава и ништо друго (некогаш ставав две -три зрна бибер)
– се затвараат теглите со соодветни капаци и клуч.
– се стават-редат теглите во лонец,на дното на лонецот се става некоја решетка.
– се полни лонецот со ладна вода,1см пониско од висина на теглите.
– се става на „огин“ и откога ќе почне да врие водата,се остава уште до 30 минути.
– се исклучува или трга од огинот,а теглите од лонецот се вадат утредента.
– ако некоја тегла не била убаво затворена или примила вода,се користи веднаш.
– вака приготвеното Месо во тегла може да остане и до 2 години.
– повкусно месо незнам и дали постој од ова – вакво.
После пиперки на секаков начин, треба да се стави и нешто мрсничко за зимница. Еве го мојот рецепт за месо во тегла.