Роналдо и Меси се од друга планета

„Би требало да биде забрането да се каже кој е најдобар фудбалер на светот. И двајцата се од друга планета!“ Ова се зборовите на тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо по синоќешното „Ел Класико“ кое го одбележаа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Натпреварот на „Камп Ноу“ заврши со 2:2, а Меси и Роналдо забележаа по два гола. Фудбалскиот свет уште еднаш остана без зборови пред новата приказна која ни ја раскажаа двајцата генијалци.

„Што може да кажам. Треба да се прекинат расправите околу тоа кој од нив е подобар. Двајцата се од друга планета. Што се однесува до резултатот мислам дека е реален. Судијата имаше некои покрупни грешки, но на секого може да му се случи да погреши. Реал е господски клуб и нема да дозволи на тој начин да коментира судење. Како и да е, задоволен сум од овој проект во кој сум најден има уште многу што да понудиме“ истакна Мурињо по дуелот.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд

Меси на дерби пресметката го постигна својот 100-ти гол на „Камп Ноу“ станувајќи првиот фудбалер во историјата на кого тоа му успеало. Вкупно на досегашните „Ел Класико“ Меси има 17 постигнати гола. Пред него е само легендата на Реал, Алфредо ди Стефано со 18 гола.

Но, на секој одличен потег на Аргентинецот соодветен одговор нудеше Кристијано Роналдо потврдувајќи колку само малку простор му треба за да ни понуди спектакл.

  • Меси го постигна 100-от гол на „Камп Ноу“
  • Ван Нистелрој – последен претходно кој на „Ел Класико“ на „Камп Ноу“ постигнал два гола
  • Голот на Меси од слободен удар е прв таков на „Ел Класико“ од сезоната 1998/99
  • Меси досега има 17 гола на големите пресметки, Ди Стефано е прв со 18 погодоци
  • На Роналдо ова му беше 20-ти натпревар во Примера на кој постигнал два гола
  • Реал досега седум пати ги погодил рамките од противничкиот гол, најмногу во Примера
- Реклама -