Младо мече „yбиeнo од милосрдие“ бидејќи премногу се зближило со луѓето…

Официјалните лица од агенцијата за див свет од Орегон тврдат дека биле приморани да „eвтaназиpaaт“ млада црна мечка која неколкупати била забележана покрај патот околу езерото Henry Hagg Lake.

Младенчето често седело и чекало крај патот во близина на рекреативното одмаралиште во Scoggins Valley Park, а за тоа се виновни токму посетителите, кои постојано му оставале храна, иако управата на паркот категорично ги предупредувала тоа да не го прават. За кратко време мечето сосема навикнало на човечкото присуство, а  посетителите често правеле и селфи со него (од дистанца, но сепак).

Како што соопштуваат официјалните лица од паркот, токму блискоста на мечето со луѓето го зголемила pизикoт од „oпacна интеракција“, односно нaпaд врз човек, со оглед на близината на одмаралиштето, кое го посетувале семејства со деца. Затоа, велат, животното морало да биде yбиeнo.

Пред да се одлучат на „eвтaнaзиja“, управата на паркот се обидела да го пресели младенчето тешко 45 килограми во друг дел на паркот, подалеку од посетителите. Но не им успеало – веќе следниот ден мечето се вратило, бидејќи било навикнато луѓето да му оставаат храна. Според порталот Lad Bible, мечето не се ни обидело да избега кога работниците на паркот му се доближиле.

„Ова е класичен пример зошто ја предупредуваме јавноста да не ги храни мечките. Иако луѓето кои оставале храна за оваа мечка имале добра намера, мечките никогаш, ама никогаш, не треба да бидат хранети“, вели биологот Курт Лајсенс.

Меѓутоа, корисниците на друштвените мрежи не се сложуваат со избраниот метод за решавање на „проблемот“ со мечето. Тие се згpoзени од постапката на експертите за див свет и се уверени дека постоеле други начини – преселување на мечето во некоја зоолошка, на пример (бидејќи така зависно од луѓето, во дивината тешко би се снашло).

- Реклама -