Холивудски модни катастрофи

Големите холивудски ѕвезди имаат цела армија стилисти на располагање, а сепак многу често им се случува да се појават во катастрофално лоши парчиња облека на големите настани и премиери. Погледнете дел од најновите холивудски модни катастрофи.

Џенифер Лопез

Некој треба да ѝ каже на Џенифер Лопез дека е дива и ѝ прилегаат раскошни вечерни тоалети, а не фустанчиња наменети за балерини и 4 годишни девојчиња.

Лејди Гага

Лејди Гага се обиде да го облече истиот фустан на Версаче со безопасни игли, кој стана познат поради Елизабет Харли, која изгледаше фантастично во далечната 1994. Гага, сосема очекувано, изгледа смешно во истата облека.

Ријана

Човек не може да се одлучи која облека на Ријана е полоша – дали пижамите со кои отиде на отварање на ноќен клуб во Бруклин или пак чизмите од змиска кожа што чинат речиси 3 илјади долари? Но, зарем некого го зачудува нејзиниот лош вкус? Таа го избра Крис Браун и повторно му се врати откако ја испрати во болница.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

Мејси Греј

Колку што Мејси Греј има убав глас, толку има и лош вкус за облека. Ако ова воопшо може да се нарече облека…

Кристина Агилера

Кристина Агилера е самоуверена, моќна, провокативна, секси (особено со нејзиното ново, заоблено тело), но некако успева да изгледа како лик од цртан филм во секојдневието. И тоа е талент!

Ева Лонгорија


Лонгорија сакала да носи венчаница, ама и да не носи венчаница. На крајот, добила нешто што изгледа евтино и смешно.

Оливија Вајлд

Никој не знае кон што целела Оливија Вајлд со оваа креација на Келвин Клајн, но таа изгледа едноставно – зелено.

- Реклама -