„Честит Фитер Бајрам на сите со муслиманска вероисповест. Мир и благосостојба за сите! Човечноста, воздржаноста од лоши мисли, простувањето, почитта, љубовта кон ближниот свој нека бидат водилката на нашите животи“, се обрати Никола Груевски вчера на Фејсбук за да им го честита големиот празник на граѓаните муслимани.
Тие, пак, срдечно му се заблагодарија и го поканија да дојде на баклава. Засега Груевски не одговара на поканите:
„Фала 😍, но без тебе не е ист и Бајрам…“
„Фала брату, те чекаме за баклава ❤️“
„Фала шефе, па помини на баклава 😂😂 “
„Фала ти многу, нашиот историски премиер, те чекаме на баклава, поздрав имаш од сите 😂😂😂 “
„Браво бе војводо, дојди кај нас со нетрпение те очекува Фатиме Фетаи лично да ѝ честиташ“, се само дел од коментарите.
Сепак, повеќето искрено ја прифатија честитката и му посакаа здравје и долг живот, а некои и да се врати во земјата и да ги врати „убавите времиња“.