Министрите за внатрешни работи од германските сојузни покраини бараат законски промени кои би овозможиле користење на дигиталните податоци од уредите како виртуелните асистенти Siri и Alexa, но и уредите од категоријата „Smart Home“ (како смарт ладилници или смарт телевизори), како доказен материјал пред суд. Се разбира, како главна причина ја наведуваат безбедноста на граѓаните и зaкaнaтa од тepopизам.
„Дигиталните траги се сè поважни елементи при откривањето на капиталните деликти или тepopистички планирања“, стои во извештајот кој би требало да биде разгледан на конференцијата на министри за внатрешни работи на 12 јуни.
Според министерствата, ТВ приемниците, ладилниците или говорните асистенти како Alexa, кои се поврзани со интернет, константно обезбедуваат вредни податоци кои би можеле да им користат на безбедносните служби.
Според извештајот, дигиталните докази би смееле да бидат истражувани само со судски налог. Исто така според извештајот, министрите за внатрешни работи очекуваат отпор од сојузните и покраински агенции за заштита на личните податоци.