Северна Кореја: „Џо Бајден е нискоинтелигентна будала без основни карактеристики на човечко суштество“

Иако станува збор за официјално соопштение, Пјонгјанг очигледно нема влакна на јазик. Во низата епитети што му ги посвети на експотпретседателот на САД и актуелен кандидат за претседател – Џо Бајден, државниот врв на Северна Кореја без проблем ги вметна и „будала со ниска интелигенција“ и „имбецил лишен од елементарни особини на човечко сушстество“.

Таквите оценки стигнуваат како реакција на претходната изјава на Бајден, кој севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го нарече „тиpaнин“.

Како што објави Корејската централна новинска агенција (KCNA), Бајден го навредил врховното раководство на земјата и дека против Северна Кореја извршил „сериозна политички мотивирана провокација која не може да биде толерирана“.

Во текот на саботната кампања во Филаделфија, Бајден го обвини претседателот Доналд Трамп дека се сложува со „диктaтopи и тиpaни“ како што се Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

„Она што го изговори е само софизам на еден имбецил лишен од елементарните особини на човечко суштество, а камоли на политичар“, пренесува KCNA.

Агенцијата додава дека за секој разумен е очигледно дека е неисплатливо да се надева на било што од неговата кандидатура, како и дека го бие глас дека е „будала со низок коефициент на интелигенција“.

„А сепак, самиот себеси се фали како најпопуларен претседателски кандидат. Ова е доволно за и мачка да се насмее“, стои во извештајот на агенцијата.

- Реклама -